logo
logo
logo

ГО ТУЖИ ГИНЕКОЛОГОТ НА МАЈКА И ЗАТОА ШТО СЕ РОДИЛА: Секој ден е борба и чини многу

Vecer | 25.11.2021

ГО ТУЖИ ГИНЕКОЛОГОТ НА МАЈКА И ЗАТОА ШТО СЕ РОДИЛА: Секој ден е борба и чини многу

Еви Тамбс (20) од Скегнес во Англија, ѕвезда на препонско јавање, најави необична тужба. Таа е родена во 2001 година, а набргу по раѓањето и била дијагностицирана спина бифида - расцеп на рбетот.

Поради оваа тешка болест, Еви често поминува 24 часа на ден прицврстена за цевките кои ја одржуваат во живот. Поради оваа состојба, нејзиниот 'рбет и 'рбетниот мозок не биле развиени како што треба во утробата на нејзината мајка, но оваа млада девојка успеа да постигне неверојатна кариера во препонско јавање.

Еви решила да го тужи докторот на нејзината мајка, д-р Филип Мичел, бидејќи тој не ја советувал нејзината мајка да зема суплементи пред бременоста кои би ја спречиле оваа состојба. Имено, таа тврди дека, доколку докторот и кажел на нејзината мајка Каролина дека треба да зема фолна киселина и други додатоци пред бременоста, би се намалил ризикот да се роди со оваа болест.

Тогаш, според Еви, Каролина би ја одложила бременоста и Ева немала да се роди.

Сега од докторот Еви бара милионска отштета во име на тоа што е родена болна, а и требаат милиони за да се одржи во живот.

Докторот одбива одговорност и вели дека и дал „разумни совети“ на нејзината мајка, но и на секој пациент. Каролина тврди дека нејзиниот лекар не спомнал дека овие додатоци се задолжителни:

„Да го добиев вистинскиот совет, ќе ја одложив бременоста и ќе го подготвев телото за тоа, па ќе родев нормално, здраво бебе, генетски различно од Еви“, изјави таа на суд.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk