logo
logo
logo

Го однел кучето на шишање, кога дошол да го земе не можел да им поверува на очите!

Vecer | 06.03.2021

Го однел кучето на шишање, кога дошол да го земе не можел да им поверува на очите!

Од преубаво кученце со розова машничка, неговото милениче за само еден час се претворило во „издрпано“ кученце кое не можел ниту да поверува дека е неговото.

Очигледно овој Американец слендиот пат добро ќе размисли каде ќе го однесе својот миленик на третман и нема да влета во првиот салон што ќе му се најде на патот. Имено, тој миленикот го оставил во првиот салон што го нашол затоа што повеќето заради корона мерките или не работат или се пребукирани. И не очекувал дека ќе се случи вакво нешто, едноставно мислел дека миленичето ќе добие пристојно потстрижување.

Фотографијата пред и после шишањето тој ја споделил на Твитер, а постот во рекорден рок станал вирален. Овој „кучешки твит“ со повеќе од половина милион лајкови и четири илјади коментари се заканува да стане твит на годината.

И да, можеби не изгледа баш најубаво, ама дефинитивно кученцево е славно.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk