logo
logo
logo

Го натерав да избира помеѓу мене и кучето

Vecer | 18.05.2022

Го натерав да избира помеѓу мене и кучето

Кучето на самиот почеток покажувало видлив темперамент и склоност кон недисциплина, но големата љубов и пожртвуваноста на овој човек довело до тоа кучето да остане во неговиот дом цели 9 години.

Во меѓувреме овој човек ја нашол својата сродна душа и оваа жена станала нов член во домот во кој живее Рајли и убаво се прифатиле.

Вљубениот пар влијаел на нејзината дресура, а оваа жена беше присутна речиси исто толку време во животот на Рајли како нејзин сопруг.

Се верува дека овие кучиња се врзуваат само за една личност, поточно личноста која најмногу ја сакаат, но и безусловно ја слушаат. Во случајов, тоа бил овој човек.

Неговата сопруга, од друга страна, поминувала многу повеќе време со Рајли бидејќи таа работела од дома, а нејзиниот сопруг одел на работа.

Оваа жена ја раскажала својата приказна на Интернет.

- Една вечер отидов во спалната на мојот сопруг. Рајли ме блокираше на влезот од собата и ме спречи да влезам. Додека постојано се обидував да влезам, на крајот ме гризна! Се зачудив, тоа е кучето кое го хранам и негувам речиси од тогаш кога беше кутре. Јасно ми е дека го сака мојот сопруг повеќе од мене, но ние двајца никогаш не сме имале проблеми – истакнува оваа жена, а пренесува порталот „Mirror.co.uk“.

На општо чудење на читателите, оваа жена изјавила дека Рајли за кратко време ја каснала уште трипати, постојано ја лаела и се обидувала да ја нападне, па таа не се чувствувала удобно во сопствениот дом, туку чувствувала вистински страв.

Кога таа му кажала на сопругот дека Рајли ја каснала прв пат, тој не ѝ верувал, туку ѝ рекол дека драматизира и ја преувеличува работата. Откако таа му кажала дека кучето повеќе не го сака дома, туку да го подари некому, на нејзино изненадување, тој толку се налутил што не спиел со неа во спалната, а утредента го повел кучето со себе на работа.

Бидејќи кучето ја нападнало и повредило и наредните трипати, оваа жена на мажот му поставила ултиматум, во станот да остане или кучето или таа, а еве што ѝ одговорил сопругот:

- Рајли и јас сме во пакет! Го знаеше тоа уште кога се запознавме пред толку години. Сè уште мислам дека претеруваш. Но знај дека без разлика на сè, јас не ја оставам Рајли, а ти прави како сакаш!

Очајната жена побарала совет на Интернет и повеќето луѓе, логично, биле на нејзина страна.

Кога ќе се венчаме, велат дека не се венчаме само за тој човек, туку и за цело негово семејство, а честопати на прво место се вклучени домашните миленици, затоа мислете на време!

Извор: srecna.republika.rs

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk