logo
logo
logo

Го фатила дечкото во неверство заради еден ДЕТАЉ на фотографија

Vecer | 02.12.2022

Го фатила дечкото во неверство заради еден ДЕТАЉ на фотографија

Корисничка на ТикТок по име Анџела објавила видео на својот профил во кое покажува како открила дека нејзиното момче ја изневерува. Тој имено и рекол дека со семејството ќе го помине денот на реката, а и испратил фотографија од кајакот за да и покаже како добро се забавува. Меѓутоа, она што не го забележал е еден многу важен детаа кој го открил дека лаже, а се работи за одразот во очилата.

На фотографијата нејзиното момче носи очила за сонце, кои секако имаат одраз, а со тоа Анџела сфатила дека ја изневерува затоа што ја зумирала фотографијата и видела непозната девојка како седи со него во кајакот.

 

@angelaxlaba how i finally caught my boyfriend cheating on me and then he calls me with her to break up once he was caught ☺️ #fyp #cheater #liar #WhenRiftanSays ♬ what the fuck was that - champagnemami

Во видеото, по неговата фотографија, покажала и како нејзиното момче не одговара на нејзините пораки откако сфатила со кого всушност е. Во друго видео, Ангела споделила како нејзиното момче признало дека ја изневерувало и после тоа раскинале.

- Знаев дека ме изневерува затоа што никогаш не ме поканил на такви работи, како на пример, да одам кајак. Тој едноставно беше премногу заслепен за да го види тоа во тоа време, објаснува таа во видеото.

Нејзините видеа станаа многу популарни, а многумина сочувствуваа со неа, коментирајќи дека не заслужува некој кој така се однесува кон неа.

- Вистината секогаш излегува на виделина, овој пат поради одразот, коментира една корисничка.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk