logo
logo
logo

Го дала синот на посвојување кога имал 3 г., по седум години го побарала назад!

Vecer | 07.06.2023

Го дала синот на посвојување кога имал 3 г., по седум години го побарала назад!

Крис Смит не била родена под среќна ѕвезда, таа раснела во дом за незгрижени деца. Кога конечно завршила во згрижувачко семејство, кај неа  се појавила трошка надеж, но тоа бил само почеток на нејзините маки. Уште како мало девојче, оваа жена се соочила со многу неволји во животот и на своја кожа почувствувала како е да се биде несакан, отфрлен,  осудуван, казнет и тепан. Од едно згрижувачко семејство завршувала во друго, и во секое во кое ќе зачекорела, станувало сè полошо.

- На многу млада возраст почувствував што значи да се биде злоставуван. Децата не би требало да се плашат од своите родители, посвоителите или партнерите. Секоја вечер легнував во страв. Кога веќе не можев да издржам, ќе истрчав на улица. Просев гладна и боса и спиев на улица, без покрив над главата. Беше толку тешко што не знам како наоѓав сили без да потклекнам - ја започнува својата приказна оваа очајна жена.

На 14-годишна возраст Крис побегнала од дома и живеела на улица, а на 17 години го родила синот Метју. Привремено се тргнала од улицата и живеела со тогашниот партнер, со кого сакала да изгради дом и да има покрив над главата.

- Човекот со којшто живеев беше алкохоличар. Животот со него беше пекол, но се обидував на секој можен начин да одржам дури и привид на семеен мир заради мојот син. После 2 години дознав дека сум повторно бремена. Меѓутоа, моето девојче почина само неколку дена откако се роди. Нејзиниот погреб беше на третиот роденден на мојот син. Не можев сето тоа да го поднесам. Ја погребав новородената ќерка, а син ми наполни 3 години и знаев дека за него нема подобар живот покрај мене и тој човек. Половина година после тоа, сè уште бев во агонија, па решив да го сместам мојот син во дом за колку-толку да има подобар живот со некои посвоители. Мислев дека ќе умрам од тага кога го оставив - се присетува мајката.

Дека после дождот доаѓа сонце, се уверила и Крис. Таа се вработила како келнерка.

- Не можев да верувам. Имав 21 година и првпат работев. Со мојата плата конечно најдов сила да го напуштам човекот што ме малтретираше секогаш кога ќе се напиеше. Изнајмив соба, одев на работа, стекнав колеги и пријатели. Потоа, во ресторанот го запознав Џо, со кого започнав врска. Конечно, некој ме ценеше, почитуваше и сакаше. Почнавме да живееме заедно во неговиот стан и се венчавме. Работев во ресторан, имав прекрасен сопруг, пријатели, плата и стан, но сепак чувствував голема празнина поради моето дете. Немаше ден а да не помислив на него. Џо ме охрабри да го побарам по седум години во сиропиталиштето каде што го оставив и да се обидам да ја најдам неговата адреса. Кога отидов таму, во морето деца, видов едно, кое ме чекало сите тие години! Тоа беше мојот син, мојот Метју! Сите тие години никој не го посвоил. Имаше 10 и пол години и се сеќаваше на мене. Го прегрнав и никогаш повеќе не посакав да го пуштам. Така е, по дождот доаѓа сонце – заклучила Крис.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk