КАКОВ ЖИВОТ!
Глумел во ПОРНО филм, го погребале со виски, цигари и пари, а оваа жена најмногу ја сакал

Еден, единствен, неповторлив! Благодарение на неговата неверојатна харизма, глас и талент, легендарниот Френк Синатра стана симбол на Америка и една од најголемите ѕвезди на сите времиња. За неговиот живот се знае многу – депресивен, голем љубител на жените и ноќниот живот, маж од другата страна на законот, а всушност голем емотивен и безвременски талент. Во продолжение ви пренесуваме седум интересни факти за човекот кој оставил неизбришлива трага и за кој ќе зборуваат многу идни генерации.

Лекарите го прогласиле мртов
Се родил модар, не плачел и не дишел. Лекарите веднаш констатирале смрт, а додека требало да и ја соопштат на мајка му тажната вест, бабата на Синатра го ставила под ладна вода и го удирала по грбот додека не продише. И за неколку минути – се раѓа легендата!
Сакал да стане новинар
Легендарниот музичар го напуштил средното училиште на само 15 години, а само најверните фанови ја знаат точната причина. Како дете, Синатра сонувал еден ден да стане спортски новинар, а боречките вештини отсекогаш биле негова голема страст. Извесен период работел дури и во медиумска куќа, но уредниците сметале дека не е доволно образован за да стане добар новинар.
Глумел во порно филм
Младиот Синатра во 1935 година се појавил во порното „The Boudoir Singer“. Тогаш имал 19 години, а хонорарот му бил понизок од 100 евра.
Бил самоук
Не знаел ниту една нота и секогаш се потпирал на добриот слух и совршеното чувство за ритам. Кога музичарот Бинг Крозби го слушнал Синатра како пее, и кажал на својата сопруга дека овој човек треба да стане пејач. Кога станал светски познат – на сцената мразел да ја изведува една од неговите најпопуларни песни – „My Way“. Тоа го сметаше за тортура.
Врска со мафијата
За неговата поврзаност со мафијата се пишува со децении. Но, извор близок до покојниот Синатра пред четириесет години открил дека тој е подготвен да направи се за своите пријатели од подземјето, па дури и да прошверцува големи суми пари низ светот. За нив еднаш наводно „прошверцувал“ околу три милиони долари.
Најмногу ја сакал Ава Гарднер
Тоа била љубов на прв поглед, а Синатра веднаш знаел дека таа е „вистинската“. Блиски пријатели коментирале дека бил опседнат со Ава, а нивниот брак е испреплетен со љубов, опсесија, посесивност, а често имало и физички пресметки меѓу сопружниците, па дури и употреба на огнено оружје.

‘Најдоброто допрва доаѓа’
Во средината на 1998 година не напушти легендарниот музичар кој беше погребан под звукот на неговата песна „Put Your Dreams Away“, а на надгробната плоча пишува – „Најдоброто допрва доаѓа“. Интересно, тој бил погребан со кутија цигари, запалка Zippo, шише виски Џек Даниелс и неколку парички.