logo
logo
logo

Гладни деца молат на сред улица, САМО ЕДЕН ПОЛИЦАЕЦ ИМ ДАДЕ ХРАНА (ВИДЕО)

Vecer | 25.05.2021

Гладни деца молат на сред улица, САМО ЕДЕН ПОЛИЦАЕЦ ИМ ДАДЕ ХРАНА (ВИДЕО)

Полицаец од Хајдерабад, Индија стана популарен и доби големи пофалби откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како тој дели храна на гладни деца на сред улица, на кои никој друг не им обрнуваше внимание.

Емотивното видео го објави полицијата на индиската држава Таленгана.

- Полковник Махешбио беше на должност и виде мали деца како молат за храна. Само што го виде тоа, ја извади својата кутија за ручек и ги послужи - стои во објавата на Твитер.

Најпрво им дал две чинии па им послужил ориз и пилешко од кутијата за ручек во нивните чинии, пренесува Индија тудеј.

Видеото надмина милион прегледи за кратко време, а собра и илјадници позитивни реакции и пофалби на сметка на добродушниот полицаец.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk