Момче на летот од Филаделфија кон Мајами ги шокирало членовите на екипажот кога за време на патувањето почнал да ги фаќа стјуардесите за гради. Несекојдневниот инцидент се случил два пати по што Максвел Вилкинсон Бери (22) гласно рекол дека сака да се увери дека некоја од стјуардесите има силиконски гради.

 

Кога дошол колега на стјуардесите да го смири, момчето со раката го удрило во главата.

И тука не се запрел, почнал да вика и да се кара со останатите патници велејќи им дека е „полн со пари“, како и дека неговите родители можат да „купат се во авионот“.

Но она што не можел да го предвиди е дека стјуардесите и копилотот ќе го врзат за седиштето и дека после инцидентот ќе биде уапсен.

Бери подоцна се огласил на Твитер велејќи дека во авионот го третирале „како стока“, но овие видеа зборуваат поинаку.