35-годишна жена била однесена во болница во Салцгитер, во близина на Хановер, и на лекарите им рекла дека била касната од една од нејзините ѕвечарки.

Сепак, нејзината состојба се влошила и била префрлена во Медицинскиот факултет во Хановер каде ѝ бил даден противотров од Тропскиот институт во Хамбург. Бидејќи состојбата на жената се влошувала, полицијата ја посетила нејзината фарма во Селде и ги пронашла змиите. Полицијата соопштила дека се пронајдени и смокови и видови отровни змии, кои не биле сместени во соодветни терариуми. Сите змии се запленети, јавува ДВ.