logo
logo
logo

Георгина: Ни ги тепаат децата во Саудиска Арабија, си доаѓаат дома плачејќи

Vecer | 31.03.2023

Георгина: Ни ги тепаат децата во Саудиска Арабија, си доаѓаат дома плачејќи

„Има моменти на училиште кога децата ги удираат и тие не се бранат“, рече Георгина и потоа ја опиша ситуацијата. „Пред некој ден си дојде детето дома и почна да плаче, прашав што се случи и добив одговор: Ме удри едно дете. Му реков: „Зарем не знаеш да се браниш?“, изјавила таа.

Георгина и Роналдо живеат по новите правила веќе еден месец, но манекенката неодамна го прекрши кодексот на облекување на вечера со својот вереник, појавувајќи се во кратко здолниште, поради што ѝ се заканува парична казна.

Имено, во Саудиска Арабија поради шеријатските правила ,жените се обврзани да го покриваат целото тело. Кодексот на облекување наложува „скромност и пристојност“, па затоа не смее да се носи тесна или проѕирна облека. Во јавност, Георгина треба да носи абаја, традиционална долга туника со темна боја.

Избраничката на Роналдо неодамна во интервју за Sportsweek зборуваше за привикнувањето на животот во Саудиска Арабија каде фудбалерот игра за Ал Наср. Таа се пожали на новиот дом бидејќи таваните се превисоки, па дури и менувањето на сијалица е проблем. Дополнително, промената на културата ја смета за голема, односно радикална.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk