logo
logo
logo

Генијален ТРИК како да одберете ЗРЕЛА и СЛАТКА ЛУБЕНИЦА!

Vecer | 28.06.2022

Генијален ТРИК како да одберете ЗРЕЛА и СЛАТКА ЛУБЕНИЦА!

Не постои човек кој не сака лубеница, но изборот на слатката и сочна понекогаш е вистинска болка. Затоа искористете ги овие три одлични трикови и никогаш нема да погрешите при изборот:

1. Побарајте жолтеникава дамка на површината на лубеницата

Дали забележавте дамка на површината на лубеницата? Го претставува местото каде што истата лежела на земја за време на созревањето. Најзрелите лубеници имаат жолтеникава дамка, додека оние со бела или светлозелена боја треба да се избегнуваат бидејќи се собираат пред да созреат. Не купувајте лубеница која нема дамка на површината.

2. Погледнете ја петелката

Потоа обрнете внимание на петелката. Кај свежата лубеница стебленцето е зелено, а кај оние кои подолго стоеле е малку сува и жолтеникава.

 

Lubenica

3. Звукот е клучен

Последниот чекор е тест со „чукање“. Тропнете по лубеницата и внимавајте на звукот - ако „ѕвони“ и се чини дека малку одекнува, речиси е сигурно дека лубеницата е зрела и слатка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk