На работникот од Турција, Хакан М, копач во рудник за јаглен, неговиот сопственик, односно вујко Омер М. не му исплатил плата. Хакан поради тоа се одлучил на драстичен потег, седнал во багер и уништил пет камиони.

Се било снимено со камера, а снимката била и објавена на Тик Ток и станала вистински хит.

Работникот на крајот бил смирен од останатите колеги, па излегол од багерот и за среќа не направил поголема штета.

Инцидентот се случил пред еден месец, а наводно на крајот успеал да се договори со својот вујко околу исплатата, пишува “Haberturk”.