Гамбија ќе воведува гласачки ливчиња, досега се гласаше со џамлии

Локалните избори во април и мај, веројатно, ќе бидат последните на кои Гамбија ќе гласа со џамлии по одлуката да се воведат гласачки ливчиња во земјата.

Џамлискиот систем на гласање беше воведен во 60-тите со цел да спречи избирачки неправилности, но и да му овозможи учество на изборите и на неписменото население.

Претставниците на општинската изборна комисија на секој гласач му доделуваат по една џамлија за гласање, по што тој гласа пуштајќи ја џамлијата низ мал отвор во бурето со фотографија од кандидатот за кој се определува. Избирачките претставници слушаат внимателно дали и колку пати ќе одекне ѕвончето поставено на крајот на цевката во бурето низ која паѓа џамлијата, со цел изборната комисија да се погрижи никој да не гласа повеќе од еднаш.

Броењето на гласовите се одвива на начин што џамлиите се редат во сад со по 200 или 500 дупки и потоа така се бројат. Резултатите се соопштуваат веднаш по броењето на гласовите.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари