Експанзијата на социјалните мрежи доведе до разни извртувања на перцепциите. Премногу високи стандарди, превисоки очекувања, сервирање „совршени“ животи на фотографиите доведуваат до губење на самодовербата.
Девојките стануваат се понесигурни и сето тоа благодарение на фотошопираните фотографии кои се објавуваат на социјалните мрежи. Коса, нокти, шминка, тело, сè мора да биде совршено.
Модели на младите девојки им се познатите личности. Некои од познатите дами решија да го истакнат својот природен изглед, а не да се вклопат во стандардите што ги наметнуваат социјалните мрежи.
Една од нив е младата актерка и пејачка, Селена Гомез. Таа признала дека и самата се борела со негативните емоции, поради коментарите кои ги добивала на сметка на нејзиниот физички изглед. Решила да побара стручна помош, за да си ја среди психичката состојба.
„Многу варирам во тежината“, рекла во интервју за Cosmopolitan во 2020 година, додавајќи дека морала да научи дека има густа кожа во прилично рана фаза од нејзиниот живот.
View this post on Instagram
По долга борба, во 2017 година Гомез реши да се повлече од социјалните мрежи.
„Посреќна сум, поприсутна сум, повеќе се поврзувам со луѓето“, рекла во 2019 година, за време на интервјуто на Канскиот филмски фестивал.
На Тик Ток кружи видео во кое Селена зборува за тоа што јаде и како не се грижи за килограмите:
„Значи, се обидувам да останам слаба, но отидовдо „Џек во кутија“ и добив 4 такоси, 3 ролнички со јајца, прстени од кромид и зачинет пилешки сендвич. Но искрено, не ми е грижа за тежината. Јас сум совршена таква каква што сум.“
View this post on Instagram
Селена апелира до обожавателите да не обрнуваат премногу внимание на нереалните стандарди. Ранливоста е сила, а не слабост! - рекла.