ФУСТАН КАКОВ ШТО НЕ СТЕ ВИДЕЛЕ: 35 метри свила за венчаница

Нел Дајмонд, ќерка на еден од најуспешните британски банкари, Роберт Боб Дајмонд имала свадба од соништата која траела три дена и прекрасна венчаница која била направена од 35 метри свила. 

Дизајнерот Оливер Дејскенс се потрудил специјално за неа да направи преубав срцевиден изрез на корсетот и деликатни детали од перја. Биле потребни неколку луѓе да ја облечат невестата, но и подоцна да ја придржуваат раскошната ткаенина. Елеганцијата била потполнета со долг, прозирен вел.

Се зборува дека невестата само материјалот го платила измеѓу 250 и 300 илјади долари, без работата на познатиот дизајнер.

Кога завршила церемонијата, која се одржала на југот на Франција, Нел се преоблекла во многу помала, но ништо помалку елегантна венчаница во стил на грчка божица, креација на познатиот дизајнер Прабал Гурунг.

Поврзани

Најнови вести

Коментари