logo
logo
logo

Франко Неро го „ВОСКРЕСНА“ Кевин Спејси

Vecer | 25.05.2021

Франко Неро го „ВОСКРЕСНА“ Кевин Спејси

Актерот Кевин Спејси (61) му се враќа на филмот по обвинувањата за сексуален напад. Легендарниот Оскаровец, ќе се појави во претстојниот италијански филм наречен L’uomo Che Disegnò Dio, што во превод значи The Man Who Drew God, пренесува ABC News. Режисер на филмот е италијанскиот актер Франко Неро, кој исто така ќе глуми во филмот.

„Многу сум среќен што Кевин се согласи да учествува во мојот филм“, изјави Нерон за ABC. „Го сметам за одличен актер и едвај чекам да го започнам филмот.

Спејси сè уште не е наведен на страницата на ИМДБ за филмот, кој треба да се снима во Италија. Според „Ивнинг Стандард“ и „Телеграф“, добитникот на Оскар ќе ја преземе улогата на детектив кој истражува погрешно обвинет педофил.

Во последниве години, Спејси се соочуваше со значителни обвинувања и тужби за наводно сексуално однесување, вклучително и најмалку 20 млади момчиња кои тврдеа недолично  однесување од страна на Спејси во славниот театар „Олд Вик“ во Лондон помеѓу 1995 и 2013 година. Заради обвинувањата, Спејси го напушти нимањето на хит серијата на Нетфликс House of Cards.

Уште во септември беше објавено дека актерот Ентони Рап го тужел Спејси за сексуален напад. Актерот и друг неидентификуван машки тужител, тврдат дека биле злоупотребени од Спејси на 14-годишна возраст. Рап прво го откри обвинението на BuzzFeed во 2017 година, а десетици други мажи ги следеа со слични обвинувања за ѕвездата на American Beauty .

Спејси се соочи со вкупно шест обвиненија. Неколку жртви се откажаа од гонењето, во еден случај исчезна клучниот доказ – мобилен телефон, а една од жртвите во меѓувреме почина, па кривичната постапка против него беше прекината.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk