Кајл е од Питсбург и себеси се опишува како човек кој е „зависен од дружби со постари жени“. За телевизијата ТЛЦ открил дека кога имал 18 се забавувал со жена која имала 50 години.

Сега кога има 31 година, вели дека неговата партнерка мора да има најмалку 60, а дури некое време признава дека се гледал со госпоѓа која имала 91 година.

„Прв пат кога сфатив дека ме привлекуваат постари жени имав 12 години. Сексот со постарите жени е еднакво страствен како и со помладите“, вели тој.

Пријателите се обиделе да го вразумат да почне да се гледа со помлади, но тој вели дека не му е гале.

„Не дека не ги сакам девојките на мои години, но тие не се доволно зрели“, вели.