Роверот на Американската вселенска агенција Наса синоќа успешно слета на површината на Марс. Набрзо по слетувањето светот ја доби оваа фотографија.

Впрочем, роверот „Истрајност“ беше лансиран на 30 јули 2020 година од Флорида со задача да истражи и собере докази за постоење живот на оваа планета.

Роверот слета во кратерот „Езеро“, наречен по место во Босна и Херцеговина, базенот на кратерот е широк 45 километри и се наоѓа во северната хемисфера на Црвената планета.

Слетувањето на роверот беше најризичниот дел од операцијата, со оглед што влезе во атмосферата на Марс со брзина од дури 19.500 километри на час, што требаше да се намали со падобран и ракетна платформа.

Ако некогаш постоел живот на Марс, тоа се случило пред три до четири милијарди години кога сè уште имало вода на таа планета, сметаат научниците.

Оваа мисија на Марс ја чинеше НАСА скоро три милијарди долари.