logo
logo
logo

(ФОТО) Не сакала короната да и ги расипе плановите, па се вакцинирала во венчаница

Vecer | 19.04.2021

(ФОТО) Не сакала короната да и ги расипе плановите, па се вакцинирала во венчаница

Откако свадбените веселби во Мериленд се откажани поради пандемијата, една млада невеста ја прогласила својата венчаница за облека за вакцинација против ковид-19.

Сара Стадли и нејзиниот сопруг се вериле во 2019 година. Биле подготвени да застанат на лудиот камен минатата година, правеле план за свадба, ама пандемијата им ги смени плановите.

За донекаде да ја поправи ситуацијата, Сара се одлучила минатата недела да го облече невестинскиот фустан и да ја прими вакцина.

Приликата била нешто помалку свечена, но важна.

„За мене вакцинацијата беше прослава. Имаше многу ниски моменти во текот на пандемијата, толку работи кои се откажаа, а овој фустан, ако ништо друго, претставува надеж“, рече Сара.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk