(Фото) Кинезите работат на хиперсоничен авион: Од Пекинг до Њујорк за само два часа

Тим на научници од Кинеската академија на науки тврди дека дизајнирал хиперсоничен авион кој може да патува со брзина до 6.000 километри на час, што е речиси пет пати побрзо од брзината на звукот.

Куј Каи, водечки научник во истражувањето изјави дека патниците со новиот авион ќе може да пристигнат од Пекинг до Њујорк за само два часа, што е 11 и пол часа помалку од времето кое денес е потребно за да се мине истото растојание.

Авионот, наречен „I Plane“, има два реда крила кои ја намалуваат турбуленцијата, пишува „Индипендент“. Научниците тестирале намалена верзија на леталото во тунел за ветер, каде што достигнало максимална брзина од 8.600 километри на час. Колку за споредба, максималната брзина на Конкорд под истите услови изнесувала 2.179 километри на час.

Доктор Кевин Баукат, технички директор на „Боинг“, минатиот месец изјави дека навистина е можно да се конструира такво летало.

„Мислам дека денес имаме технологија која дозволува да се изведе тоа“, рекол Баукат. „Боинг“, наводно, во моментов работи со Локид Мартин на нов суперсоничен авион чиј дизајн се чува во тајност.

Инаку, кинескиот авион беше презентиран во списанието „Physics, Mechanics and Astronomy“.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари