logo
logo
logo

Филџан кафе од 995 евра: Гостите воодушевени, цената не им пречи (Видео)

Vecer | 04.06.2023

Филџан кафе од 995 евра: Гостите воодушевени, цената не им пречи (Видео)

Дали би платиле 995 евра за шолја добро кафе? Има и такви кои се многу среќни да ги дадат тие пари за само едно кафе. Од Brew Lab Cafe во Пенрит, Австралија тврдат дека го имаат најдоброто кафе во светот, а гостите се воодушевени од нивното кафе дури и по толку висока цена.

За да се напиете „специјално кафе“ во тоа кафуле, треба да го најавите доаѓањето најмалку две недели однапред.

Мич Џонсон, сопственик на Brew Lab, објасни зошто гостите треба да се регистрираат.

„Откако ќе добиеме нарачка за тој вид кафе, стапуваме во контакт со нашите соработници во Панама, тие го печат кафето, а потоа зрната кафе ги испраќаат со нивниот приватен авион. Кафето се прави од зрна на растение кое расте на 1.700 метри надморска височина покрај вулкан во Панама“, рекол Џонсон.

Невообичаеното патување на кафето без сомнение придонесува за високата цена од 995 долари по шолја (1.500 АУД/800 фунти), но самите зрна се одлични.

 

Штом ќе пристигнат зрната, тие се подложени на прецизен процес на подготовка во лабораторијата за подготовка со претходно навлажнета филтер-хартија и вода зовриена до точно 94 степени Целзиусови.

„Кафето се сипува полека во фиџанот, секој пат во совршен момент за да се обезбеди совршен вкус“, вели Мич Џонсон, сопственик на Brew Lab.

За среќа, Brew Lab има и поевтини кафиња, иако цените се сепак повисоки од просечните кафулиња.

„Имаме гости кои доаѓаат еднаш неделно да ги пробаат нашите кафиња за 100 или 200 австралиски долари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk