logo
logo
logo

“ФЕФЕ“ е новиот луксузен парфем за кучиња од„Долче и Габана“

Vecer | 11.08.2024

“ФЕФЕ“ е новиот луксузен парфем за кучиња  од„Долче и Габана“

Модната куќа „Долче и Габана“ презентираше нов парфем за кучиња без алкохол наречен „Fefé“ во чест на пудлицата на Доменико Долче.

Парфемот чини 99 евра и е потврдено дека е погоден за животинска употреба бидејќи го следи италијанскиот протокол „Безбедна козметика за домашни миленици“, дизајниран да обезбеди степен на безбедност на козметичките производи за животни споредлив со оној што е потребен за луѓето.

100% од сопствениците на кучиња кои ги консултирала компанијата се согласуваат дека мирисот е нежен и добро прифатен од нивните миленици, а ветеринарите го одобруваат производот, според официјалната веб-страница посветена на „Fefé“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk