logo
logo
logo

Фатена и убиена е ајкулата, која вчера усмрти Русин во морето кај Хургада (ВИДЕО)

Vecer | 09.06.2023

Фатена и убиена е ајкулата, која вчера усмрти Русин во морето кај Хургада (ВИДЕО)

Египетското Министерство за животна средина објави во соопштение на Фејсбук дека ајкулата е одговорна за смртта на турист без да даде детали за жртвата.

Екипа на министерството и други тела успеале да ја фатат ајкулата, се вели во соопштението и се додава дека локалните власти издале забрана за пливање, нуркање и други спортови на вода на неколку плажи во близина на местото на нападот. Тигарската ајкула била извлечена од морето, а набрзо била убиена.

Нуркач кој пристигнал на местото веднаш по нападот изјавил дека луѓето притрчале да ѝ помогнат на жртвата, но не можеле да стигнат до него навреме. Руската новинска агенција ТАСС објави дека убиениот е Русин роден 1999 година, кој живеел во Египет и не бил турист.

Конзулатот ги повика руските туристи да бидат внимателни додека се во вода и строго да се придржуваат до сите забрани за капење поставени од локалните власти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk