Фармерките на Синди Крафорд се синоним за женственост: Модните икони ги носат со децении, а летово се must-have

Синди Крафорд е фатена како излегува од хотел во Њујорк во лежерна, но многу елегантна облека. Покрај „мократа“ фризура (која поради високите температури веројатно е повеќе практична отколку естетска), омилениот модел од деведесеттите носел црна кошула и тексас ѕвонарси, кои повторно се во мода за летото 2022 година.
Оваа икона на стилот од шестата деценија покажува како ретро парчињата може да се носат на модерен начин и да се комбинираат со оние најмодерните.
Својот лежерен аутфит го комплетирала со Биркин чанта и големи очила за сонце, додека трендовските фармерки ги комплетирала со елегантен ремен на Гучи.
Синди со децении се залага за природен изглед без инвазивни третмани и корекции, а со својот пример сведочи дека на жената и е многу поважно да биде остварена, самоуверена и негувана за да изгледа и да се чувствува добро. И овој пат не се нашминкала, оставајќи ги нејзините природни црти да бидат во центарот на вниманието.
Фармерките или ѕвонарките се омилен избор на Французите и девојките кои преферираат шик стил. За лето мора да поседувате барем еден таков модел кој ќе го комбинирате со пунџа, марама и елегантна чанта. Et voilà!