Еве зошто не треба да седите во мокар костим за капење

Мокрите костими за капење се како магнет за штетни организми, и се причина за голем број инфекции. Подолгото седење во мокар костим може да предизвика разни проблеми, од габични инфекции па се до воспаление на мочниот меур.

Алиса Двек, гинеколог на "Mount Sinai School of Medicine", тврди дека габите и бактериите се развиваат на влажни и темни подрачја како што се костимите за капење и опрема за вежбање. Жените со послаб имунолошки систем, оние кои имаат дијабетес, или оние кои земаат одредени лекови, скоро сигурно ќе добијат некоја инфекција ако седат во мокар костим за капење.

Три причини зошто не треба да седите во моар костим за капење.

1. Одлична комбинација за бактерии

Внатрешноста на костимите за капење е влажна и топла, и претставува идеално подрачје за настанување на бактерии. Материјалот на костимите ги упива разните хемикалии и бактерии од базените или морињата. После излегување од водата, половите органи се во контакт со секакви штетни материи кои се задржуваат во костимите за капење. Тоа го нарушува баланост на добри бактерии во вагината и може да доведе до штетни бактерии во мочниот канал и да предизвика разни заболувања како вагинитис и воспаление на мочните патишта.

Симптоми кои укажуваат на овој проблем:

Непријатен мирис на вагината, сивкаста боја, чешање, отоци, преголема осетливост. Симптомите на воспаление на мочните патишта вклучуваат силна потреба за уринирање и чувство на пецкање при уринирање.

Што да преземете:

Доколку имате некои од овие симптоми, задолжително посетете лекар. До тогаш, внесувајте повеќе течности, посебно сок од брусница.

2. Габични инфекции

Габите највеќе се развиваат на топли и влажни подрачја, па мокриот костим за капење е идеално место за нив. Според „University Hospitals", размножувањето на бактерии во костимите предизвикува пораст на габичните клетки во вагината што предизвикува непријатни симптоми како пецкање и осетливост.

Симптоми кои укажуваат на овој проблем:

Силно чешање во внатрешниот или надворешниот дел на вагината, и бел исцедок.

Што да преземете:

Се препорачуваат лекови и крема против габи, а ако состојбата не се подобри, задолжителна посета на лекар.

3. Осип и чешање

Долгото седење во мокар костим за капење може да предизвика и инфекција слична на атлетско стапало, ширејќи се како габи кои освен половите органи можат да го зафатат и делот околу препоните и задникот, пишува во извештајот на "American Academy of Family Physicians and the Mayo Clinic". Инфекцијата е многу слична на габичната, но разликата е во обликот на габите.

Симптоми кои укажуваат на овој проблем:

Чешање и осип околу препоните, црвенило, излупена кожа.

Што да преземете:

Ако случајот не е толку сериозен, користете крема или пудра против габи. Ако е посериозно, задолжително посетете лекар.

Поврзани

Најнови вести

Коментари