logo
logo
logo

Еве зошто бабите викаат ДА НЕ ОДИТЕ ЛУТИ ВО КРЕВЕТ

Vecer | 02.04.2021

Еве зошто бабите викаат ДА НЕ ОДИТЕ ЛУТИ ВО КРЕВЕТ

Веројатно сте чуле многу мудрости од вашите баби, а меѓу нив е и советот да не легнувате пред да ги олабавите работите со партнерот по расправија. Во спротивно, ризикувате да се разбудите уште понервозни и пораскарани.

Неодамнешното истражување на Државниот универзитет во Орегон покажа дека кога луѓето ќе почувствуваат дека ги решиле несогласувањата, негативните емоции поврзани со тој аргумент драстично се намалуваат, ако не и целосно.

Студијата ги испитала емоциите на 2.000 учесници во текот на 8 дена, мерејќи ја нивната реактивност на расправии или ситуации што создаваат лутина. Резултатите покажале дека на денот на кавгата, луѓето кои сметале дека нивниот проблем е решен, пријавиле приближно половина од реактивноста на оние чиишто конфликти не биле решени.

Следниот ден, луѓето кои сметале дека работата е решена, не покажале продолжено зголемување на негативните ефекти.

Оние кои решаваат конфликти пред спиење, не ја поминуваат ноќта, свесно или потсвесно, обидувајќи се да го надминат гневот самостојно.

- Проблем којшто не е решен или ослободен пред да заспиете останува во вашето „енергетско поле“. Нерешените енергии се акумулираат и подоцна можат да бидат ослободени на начини што прераснуваат во борби за тривијални работи помеѓу партнерите, каде што недостасува почит или слух - вели терапевтката Каролин Хидалго.

Експретот за врски Кејт Дент признава дека нијансите на начинот на живот, распоредот за работа и времето на неочекувани кавги може да значат дека некои парови немаат друг избор. Таа дури смета дека понекогаш проблемот „треба да остане преку ноќ“ за да се смири разнишаното партнерство.

Лошиот сон, не треба да се заборави, во голема мера влијае на целокупното здравје; затоа, треба да се обидеме да легнеме без оптоварувања.

Договорете се со вашиот партнер да не легнувате лути и следете го ова правило, бидејќи подготвеноста да се слушате еден со друг и трпеливоста се клучот за успешна и стабилна врска, но и за одржување на менталното и физичкото здравје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk