logo
logo
logo

Еве за ШТО ЛАЖАТ МАЖИТЕ на првиот состанок

Vecer | 08.06.2021

Еве за ШТО ЛАЖАТ МАЖИТЕ на првиот состанок

Мажите, како и жените, на самиот почеток на врска кажуваат по некоја лага.  Најчесто тоа се случува од желба да се остави добар впечаток на другата личност.

Затоа не треба да земате такви работи за зло.

Сепак, добро е да знаете кои се работите околу кои мажот најверојатно ќе ја чува вистината од вас.

Неговата висина

Во случај мажот да е понизок од 175 см, кога ќе го прашате колку е висок, тој веројатно ќе каже околу 170 см, иако е многу понизок.

Се случува мажите да „додадат“ неколку сантиметри на себе, но не треба да ги обвинувате за тоа. Тие дефинитивно го прават тоа за да ве импресионираат и да излезат привлечни во вашите очи.

Финансиска состојба

Мажите работат многу напорно на почетокот за да остават добар впечаток врз вас и да ве освојат. Тие се во состојба да ве одведат на скапа вечера, да ви купат рози или да направат некој убав гест. Сепак, факт е дека многу мажи нема да ја откријат својата финансиска состојба, барем не додека не помине некое време.

Бројот на девојки со кои спиел

Без разлика дали спиел со повеќе или помалку девојки, тој веројатно ќе ви ја скрие вистината.

Ова е затоа што тој смета дека тоа не е важно и не треба да влијае на вашата врска на кој било начин. Колку и да се трудите, тој веројатно ќе избегне да ви даде точен одговор.

Прв секс

Можеби ќе ви каже на која возраст прв водел љубов со девојка, но деталите веројатно ќе ги чува за вас. На крајот на краиштата, дали би му ги раскажале сите детали за истата тема? За мажите е важно само она што го имаат со вас и тие не придаваат големо значење на она што се случило во минатото.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk