logo
logo
logo

Еве за колку се намалува ризикот од смрт по примена една доза од вакцината „АстраЗенека“

Vecer | 12.05.2021

Еве за колку се намалува ризикот од смрт по примена една доза од вакцината „АстраЗенека“

Агенцијата за јавно здравство на Англија (ПХЕ)  објави дека со единечна доза на вакцината „АстраЗенека“ се постигнува 80% помал ризик од смрт предизвикана од коронавирус, а резултатите до кои дошла се засновани на вистински податоци.

Студијата ги зела предвид симптоматските случаи на болеста Ковид-19 откриени помеѓу декември и април и кои починале во рок од 28 дена по позитивниот тест со оглед на статусот на вакцинација.

„Со оглед на снабдувањето и изборот на вакцини за коронавирус, единечна доза од која било вакцина обезбедува приближно 80 проценти заштита од смрт“, се вели во соопштението на ПХЕ.

Заштитата од смртност обезбедена од „Фајзер/БионТек“ е зголемена на 69 проценти за оние кои примиле втора доза најмалку една недела пред да бидат позитивни. Земајќи ја предвид првичната проценка на заштитата од инфекција со коронавирус, ова е 97 процентен ефект на вакцината, соопштиле од ПХЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk