logo
logo
logo

ЕВЕ ШТО САКААТ ЖЕНИТЕ, А ШТО СО МАЖИТЕ: Приоритетите се менуваат со годините

Vecer | 01.06.2021

ЕВЕ ШТО САКААТ ЖЕНИТЕ, А ШТО СО МАЖИТЕ: Приоритетите се менуваат со годините

Мажите и жените го менуваат приоритетите при изборот на партнер во различни периоди од животот.

Тоа што ги привлекува во младоста, не е истото како во позрелата возраст.

Во новата студија објавена во списанието „Plos One “, истражувачите се обиделе да откријат што ги привлекува мажите и што привлекува жени од различна возраст.

Се покажало дека постојат одредени разлики помеѓу приоритетите на мажите и жените при изборот на партнер и дека тие се менуваат со возраста.

Тим истражувачи од Универзитетот Квисленд во Австралија сакале да откријат што претпочитаат мажите и жените при изборот на партнер додека стареат.

За целите на истражувањето, тие анализирале 7.000 Австралијци на страници за средби, на возраст од 18 до 65 години.

Испитаниците добиле 9 специфични особини поделени во 3 категории за да ги оценат по важност, на скала од 0 до 100.

Категоријата „естетика“ ги опфаќала возраста, привлечноста и фигурата на потенцијалниот партнер.

Категоријата „ресурси“ вклучувала интелигенција, образование и приход.

Категоријата „карактер“ вклучувала доверба, отвореност и емотивна поврзаност.

По анализата на резултатите, тимот открил дека мажите и жените всушност имаат релативно слични приоритети, сè во согласност со возраста на која биле испитаниците.

Интелигенцијата, довербата, возраста, образованието, приходот и емоционалната поврзаност се поважни за жените отколку за мажите.

Од друга страна, мажите ја оцениле како важна привлечноста и градбата.

Одликите на личноста, како и физичката форма и привлечноста, се сметаат за исклучително важни. И мажите и жените исто така оцениле дека нивниот материјален статус е помалку важен.

Резултатите се разликуваат во зависност од возраста на испитаниците, па затоа е јасно дека приоритетите се менуваат како што старееме.

Мажите и посветуваат поголема важност на естетиката отколку жените, но има помали разлики меѓу постарите испитаници.

Покрај тоа, помладите жени ги оцениле особините на личноста како поважни од помладите мажи, но кај постарите испитаници и мажи и жени, карактеристиките на личноста сепак беа најважни.

Авторите забележуваат дека резултатите од оваа студија се совпаѓаат со повеќето од она што веќе го знаеме за привлечноста. Важен момент, како што наведуваат, е откритието дека склоностите се менуваат со возраста.

Физичката привлечност и хемијата се важни фактори за избор на партнер за повеќето луѓе, но колку сме постари, одликите и карактерот ќе бидат клучен приоритет за формирање емотивна врска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk