logo
logo
logo

Еве што направи короната од мене: Се лечела дома, но се погледнала во огледало и сфатила дека мора итно да оди во болница

Vecer | 10.05.2021

Еве што направи короната од мене: Се лечела дома, но се погледнала во огледало и сфатила дека мора итно да оди во болница

Никогаш во животот не сум била толку болна како кога бев болна од коронавирусот, вака 34 годишната Дуња од Хрватска ја започнува својата исповед за Блиц.рс.

Таа и додава дека “благодарение” на Ковид инфекцијата втор пат во животот пиела антибиотик.

Впрочем, првите симптоми кај Дуња се појавиле на 24 декември, а формално била позитивна до 22 јануари.

Најпрвин симптомите и биле безопасни, односно чувствувала само умор и мала треска. Но набрзо потоа тие препаснале во пневмонија по што Дуња морала да биде хоспитализирана.

-Чувството за мирис и вкус не ми исчезна, меѓутоа јас не бев во можност да јадам ништо друго освен овожје. Имам толку силна болка во грлото па така што и солено да пробав ми беше претешко да го голтнам, вели Дуња.

Таа и додава дека првите две недели по позитивниот тест ги поминала дома. За време на домашното лекување имала чести болки во грбот и карлицата. А како деновите поминувале, Дуња почнала се потешко да дише. Впрочем, таа често се будела навечер поради недостаток на воздух.

-Една вечер се разбудив со сини усни и сфатив дека имам хипоксија. Итно бев префрлена во болница. Веднаш бев хоспитализирана, а ми беше и соопштено дека имам воспаление на обете бели дробови. Остатокот од лечењето го поминав во одделот за интензивна нега каде постојано примав кислород. По излегувањето од болницата, бев во самоизолација до 22 јануару и оттогаш се сметав себеси за негативна, вели таа.

Веднаш по напуштање на болницата, Дуња се соочила со првите сериозни последици од коронавирусот – белодробна емболија, но и страшна вртоглавица која траела 7 дена.

-Како последица на коронавирусот денес имам и покачен крвен притисок кој го немав пред да се разболам. Физички бев премногу слаба и исцрпена што резултираше со отежнато движење. Пред Ковид инфекција бев активен пливач, додава таа.

Дуња и признава дека најголемиот шок и се случил три месеци по првите симптоми. Таа за редакцијата на Блиц.рс и споделила фотографии на кои може да се види како Дуња ја има изгубена својата коса како последица од коронавирусот.

-Секој пат кога ќе ја измиев мојата коса се соочувам со шок. Јас буквално останав без коса. Косата неконтролирано ми паѓаше, а секое нејзино миење беше тежок стрес за мене. Цели топки влакна ми остануваа во рака. А со таков интензитет ми паѓаше цели два месеци, вели Дуња.

Утеха нашла во својот тим. Како и неа, така и тие имале прележано Ковид па после брзо време сфатиле дека сите ги имаат истите пост Ковид симптоми. Едни на други си биле поддршка и се обидувале да најдат решение за заедничкиот проблем. А бидејќи Дуња е магистер по биологија решила да го искористи своето знање и да ги прочита сите научни трудови кои биле достапни на оваа тема.

-Тоа што го заклучив е дека проблемот со опаѓањето на косата треба да го решавам од внатре – па порати тоа јадев и пиев чај од млади коприва секој ден а внесував и колаген и Б И Д Витамин. Почнав и скалпот да го третирам со дерморолер кој ми даде резултати по втора употреба. Кога ги забележав првите црни дамки на скалпот бев пресреќна, вели Дуња.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk