Преку рака или преку рамо?!

Еве што начинот на кој ја носите чантата зборува за вас!

Баш како што изборот на вашата торба го открива вашиот стил, така и начинот на кој ја носите зборува многу за вашиот карактер. Стручњаците за говор на телото често баш според тој критериум можат успешно да го проценат вашиот карактер. Откријте што начинот на кој ја носите торбата открива за вас

Преку рамо и покрај тело

Вие сте практични и ви треба потврда од другите дека сте личност од доверба. Не трошете време на неважни работи, сакате да го изразите своето мислење и многу внимавате на себе. Ако торбата дополнително ја потиснувате покрај телото тоа остава впечаток дека имате недостаток на самодоверба. 

Торбата слободно паѓа преку рамената

Спонтани сте и безгрижни, а луѓето ве доживуваат како самоуверена личност. Вашиот стил е функционален и слободен, брендовите и марките не ви се на прво место. 

Преку рака

Важен ви е статусот и често го истакнувате брендот на чантата, но и облеката која ја носите. Обично вака се носат поголемите торби, што е знак и дека сакате да бидете забележани, а тоа ви дава чувство на супериорност.

Пред телото во раце

Ако торбата ја држите со двете раце пред себе, тогаш покажувате дека сте срамежливи и дека имате потреба да се заштитите. Можно е да сте повлечени и асоцијални.  

Поврзани

Најнови вести

Коментари