logo
logo
logo

ЕВЕ ШТО ИМА ВО БЕЛИОТ ТЕРМОС НА ПУТИН: Шефот на Кремљ никаде не оди без овој „магичен“ пијалок!

Vecer | 03.12.2022

ЕВЕ ШТО ИМА ВО БЕЛИОТ ТЕРМОС НА ПУТИН: Шефот на Кремљ никаде не оди без овој „магичен“ пијалок!

Претседателот на Русија, Владимир Путин, на конференциите често има бел термос до себе, а сега конечно се откри за што станува збор.

- Знаете, јас дури и не пијам црн чај. Пијам само билен чај од Алтај – изјави неодамна претседателот на Русија, со што конечно ја откри тајната на белиот термос.

Инаку, Алтај е планински венец кој се протега помеѓу Монголија, Казахстан, Кина и Русија, со што се создава природна граница.

Фактот дека Владимир Путин често наздравува со странски функционери со белиот термос е доказ за тоа колку тој е обожавател на алтајската природа.

Колку се корисни билките од оваа планина, најдобро говори фактот што планините Алтај се нарекуваат зелена аптека на земјата, бидејќи таа е една од последните оази на незагаден дел од планетата каде растат ретки ендемични лековити растенија, кои по чистота ги надминуваат стандардите на органски одгледуваните.

Се верува дека овој чај направен од алтајски билки има ефект врз тонот на телото благодарение на богатството од биолошки активни супстанции, витамини, како и изразената поддршка за имунолошкиот систем. Го зајакнува општиот отпор на организмот, го зајакнува имунитетот, дава енергија и енергичност. Исто така, тој е одлично средство за чистење на телото, детоксикатор и делува како антиоксиданс, кој ги спречува штетните ефекти на процесот на оксидација во телото, што се смета за една од причините за многу хронични заболувања во современиот свет.

Алтајскиот чај, инаку, содржи дури 24 билки, како камилица, сибирски бор, брусница, коренот на царското растение, сладунец, се вели во текстот на „Руски доктор“, кој дополнително ги објаснува придобивките од секоја од нив од нив, пренесува Србија Данас.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk