Еден пилот објавил видео од она што тие гледаат за време на летовите, глетка која не им е позната на патниците.

Пилотот на „Катар ервејс“, Сандип Варма на својот Твитер профил го објави слетувањето на авионот на аеродромот во Квинстаун во Нов Зеланд.

На видеото се гледа како авионот лета над облаците опкружен со планински врвови. Во еден момент, авионот почнува да се спушта во облаците, а врвот на планината е веднаш пред него. Тој неколку секунди лета низ целосна магла, а во друг момент поминува низ облаците и се упатува кон финалната дестинација.