Еден од неговите најголеми непријатели на човечкиот организам е стресот, особено хроничниот.

Стресот е природна реакција на организмот на разни промени. Факт е дека тоа е неизбежен дел од животот и никој не може целосно да го избегне.

На долг рок, стресот е исклучително опасен за здравјето на луѓето. Најголемиот проблем со стресот што го дефинираме како хроничен е тоа што повеќето луѓе не се ни свесни дека го доживуваат.

Поради ова од голема важност е да ги знаете симптомите на хроничниот стрес за да можете навреме да ја направите потребната промена во вашиот живот.

Уморни сте и покрај тоа што спиете доволно. Спиете редовно и доволно, но и покрај тоа се чувствувате уморно и повеќе сакате да се вратите во кревет отколку да правите што било друго.

Тешко се будите наутро. Поради долготрајната изложеност на стрес, надбубрежната жлезда не лачи доволно од хормонот кортизол кој наутро обично го стимулира создавањето енергија во нашето тело и ни помага да се разбудиме.

Немирен сон и кошмари. Кога спиете подолго, се зголемува и бројот на пријатните соништа. Но кога сте нервозни и напнати, често се будите во текот на ноќта бидејќи кошмарите ги заменуваат убавите соништа.

Имате голема желба за солена храна. Хроничниот стрес ја нарушува рамнотежата на електролитите во телото, па често имате потреба од нешто солено.

Ви се свртува кога станувате од седечка или лежечка положба. И овој симптом е директна последица од недостатокот на електролити.

Проблематичен ПМС и нередовна менструација. Поради стресот се лачат вишок хормони на стрес кои пак предизвикуваат нерамнотежа и на половите хормони. Ова резултира со силни ПМС симптоми и нередовен циклус. Болните менструални грчеви почесто се јавуваат кај жените кои се под стрес за разлика од другите.

Често сте настинати. Хроничниот стрес го намалува вашиот имунитет, па вашето тело потешко се справува со бактериите и вирусите на коишто сте изложени.

Викенд главоболки. Можно е да се појават слаби главоболки или интензивна мигрена во текот на викендот кога се намалува нивото на напнатост и стрес.

Ненадејна појава на акни. И воспалението на кожата може да биде знак за стресен начин на живот. Ако се соочите со нешто вакво, негувајте ја кожата со продукти што содржат салицилна киселина и бензоил, како и со хидратантна крема што не ја суши кожата. Доколку состојбата не се подобри по неколку недели, посетете дерматолог.

Кожни болести. Поради стресот и емоционалното оптоварување можно е да се појават и кожни болести.

Појава на нови алергии. Хормоните на стрес го поттикнуваат лачењето на протеинот во крвта кој е одговорен за алергиските реакции во телото.

Нагло дебелеење или слабеење. Ако забележите значителна промена во телесната тежина без да направите промена во начинот на исхрана или вежбањето, најверојатно сте изложени на многу стрес. Стресот предизвикува хормонални промени кои пак имаат влијание на вашата тежина. Најчесто има влијание на работата на тироидната жлезда.

Често чувствувате анксиозност. Стресот не влијае само на физичкото, туку и на психичкото здравје. Долгата изложеност на стрес го зголемува ризикот од панични напади за кои најчесто е потребна професионална помош.

Не можете да се фокусирате. Некогаш сте биле педантни, точни и брзи, а сега не можете да се фокусирате ни на наједноставните задачи. Стресот го зел својот данок.

Претерувате со вашите пороци. Наместо неколку цигари, веќе пушите по цела кутија. Поради чувството на притисок во стресни ситуации, често бараме утеха во некој порок.