logo
logo
logo

Еве што бараат МАЖИТЕ ОД ЖЕНИТЕ, А ШТО ЖЕНИТЕ ОД МАЖИТЕ

Vecer | 06.12.2021

Еве што бараат МАЖИТЕ ОД ЖЕНИТЕ, А ШТО ЖЕНИТЕ ОД МАЖИТЕ

Истражување покажало дека 6 од 10 парови се скарале поради пари, а 75% од нив заедно донеле големи финансиски одлуки.

Доколку мислите дека се е во ред, истражувањето кое е спроведено би можело да ве разубеди, пишува „Дејли мејл“.

Се чини дека она што жените навистина го бараат кај мажот е добрата смисла за хумор, бидејќи дури осум од 10 жени или 87 отсто од нив ја истакнале оваа карактеристика како најпривлечна. Како втора најважна особина, 75% од нив изјавиле дека е пожелно кога мажот „знае да управува со парите“.

И мажите првенствено сакаат духовити жени, но за нив втор најважен елемент е изгледот.

Студијата во која учествувале 2.000 испитаници исто така откри дека жените многу ја ценат интелигенцијата. 74 отсто од нив се согласиле дека интелигенцијата е третата најважна особина што ја бараат кај мажот. 65% од жените го споменале и изгледот како привлечна карактеристика. Само 44 отсто од нив сметаат дека високата плата е важен фактор кога станува збор за привлечноста.

Иако мажите повеќе гледаат на изгледот отколку на жените, помалку ги интересира интелигенцијата и не им е премногу важно жената да е финансиски стабилна.

„Кога мажот знае како да управува со парите, жените го гледаат како потенцијален партнер со кој можат да изградат иднина во која ќе можат заедно да купат автомобил, стан“, вели истражувачот Џо Хемингс, додавајќи:

„Споделувањето заеднички интереси е клучот за успешна врска“.

Што ги привлекува жените?

  1. Смисла за хумор (87 проценти)
  2. Финансиска одговорност (75 проценти)
  3. Интелигенција (74 проценти)
  4. Добар изглед (65 проценти)
  5. Семејни визии (64 проценти)
  6. Животна цел (59 проценти)
  7. Образование (47 проценти)
  8. Добра плата (44 проценти)
  9. Амбиција во кариерата и (40 проценти)
  10. Професија (32 проценти)
  11. Богатство (21 отсто)

Што ги привлекува мажите?

  1. Смисла за хумор (80 проценти)
  2. Добар изглед (67 проценти)
  3. Интелигенција (65 проценти)
  4. Финансиска одговорност (55 проценти)
  5. Животна цел (45 проценти)
  6. Образование (41 процент)
  7. Семејни визии (36 проценти)
  8. Добра плата (25 проценти)
  9. Цели во кариерата (24 проценти)
  10. Професија (19 проценти)
  11. Богатство (18 проценти)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk