logo
logo
logo

Еве кои ДОМАШНИ ОБВРСКИ имаат најмногу шанси ДА ЗАВРШАТ СО С*КС

Vecer | 06.12.2022

Еве кои ДОМАШНИ ОБВРСКИ имаат најмногу шанси ДА ЗАВРШАТ СО С*КС

Истражувањето на Superdrug Online Doctor на 500 Американци и 500 Британци покажало дека 58 отсто од испитаниците изјавиле дека нивниот партнер се чувствува попожелно додека ги извршува домашните работи.

Порталот Best Life наведува дека повеќе ги возбудува мажите - 61 отсто од машките испитаници рекле дека им е привлечно, додека 56 отсто од жените мислат така.

Што е тоа што го прави толку привлечно гледањето на нашата сакана како ги мие садовите?

„Тоа е комбинација од чувство на почит, чувство за тимска работа и партнерство“, сугерира авторката и психотерапевт Џенифер Хамади.

Хамади изјавил дека некои луѓе се чувствуваат најсакано кога партнерот прави нешто за нив за кое знаат дека ќе им го разубави денот или ќе им го олесни животот.

Истражувањата покажаа дека кога различни задачи се извршуваат заедно, тие дури можат да станат еден вид афродизијак за паровите. Имено, 49 отсто од испитаниците признале дека заедничкото работење со партнерот на крајот се претворило во страсно водење љубов.

Ова е редоследот на домашните обврски што може да бидат возбудливи за партнерот:

Готвење - 62 проценти

Чистење - 48 проценти

Мали поправки - 43 проценти

Местење на креветот - 40 проценти

Миење садови - 35 проценти

Уредување - 34 проценти

Автоперална - 30 проценти

Перење и сушење - 27 проценти

Организирање плакари - 15 проценти

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk