Лошиот збор уништува повеќе од дрога и алкохол

Еве како луѓето со кои се карате го уништуваат вашето здравје

Истражуањата покажале кога сме во друштво на иританти личности, некој кој што не ни е симпатичен, мозокот побавно работи, се пореметуваат процесите во организмот, а како последица на тоа ќе добиете главоболка.

Ако некој таков е често во вашето друштво, одма променете го тоа, советуваат експертите. Исто така истражувањето покажало, кога сме во друштво со такви личности, кои не ни се симпатични, се пореметуваат процесите во организмот а како последица на тоа имаме главоболка , нервоза и ни се намалува отпорноста на имунолошкиот систем.
Исто така познато е дека во друштвото го превземаме однесувањето на другите личности, што во психологијата е познато како " синдром на огледало".

Тоа е сосема во ред доколку околу нас има добри личности, но долку има некој кој што не нервира, тоа е штетно за нашето здравје. Она што се случува во тој момент е преземањето на негативните емоции и си пренесуваме себе си мегативна енергија.
Гледано долгорочно тоа може да има многу големи последици. Интересно е што тоа има ефект само кога сме во друштво на такви личности кога имаме слободно време. Тоа значи дека колегите кои што не ги сакаме не се штетни по нашето здравје.

Експертите објаснуваат: кога не работиме, не сме сконцентрирани на задачите, повеќе обрнуваме внимание на опкружувањето, па ако е некој кој ни оди на нерви, многу тешко го поднесуваме тоа.

Поврзани

Најнови вести

Коментари