logo
logo
logo

Еве како да се ослободите од целулитот до почетокот на летото: Домашен пилинг со само 3 намирници

Vecer | 21.05.2021

Еве како да се ослободите од целулитот до почетокот на летото: Домашен пилинг со само 3 намирници

Целулитот е прилично честа појава и ги погодува повеќето жени, а ретки се оние среќнички кои можат да се пофалат со совршен изглед на кожата.

Целулитот обично се јавува поради наталожени масти, протеини и токсини кои телото не ги елиминира и на крајот тие масти се складираат во телото и се појавуваат во вид на нерамнина која често знае да ја наруши самодовербата.

Веќе ни е јасно дека целулитот не може да исчезне преку ноќ, но постојат одредени мелеми или во овој случај пилинзи кои можат да помогнат во разградувањето на кожата која наликува на кора од портокал. Главната состојка на овој пилинг е кафето, за кое се верува дека многу ефукасно го отстранува овој естетски проблем. Во прилог на тоа говори и фактот дека речиси сите скапи препарати против целулит во својот состав содржат кафе или неговата активна состојка, коефеинот.

За подготовка ќе ви биде потребно:

– 1 шолја мелено кафе

– 1 шолја кафеав шеќер

– 1 поголема лажица маслиново масло

Подготовка:

Сите состојки добро измешајте ги додека да добиете хомогена смеса и претурете ги во стаклена тегла. Пилингот чувајте го во фрижидер и користете го 2 пати неделно.

Начин на примена:

Со кружни движења нанесете го пилингот на проблематичните точки и оставете го да делува околу 15 минути, а потоа измијте се со ладна вода.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk