logo
logo
logo

Еве каде е ИЗГРАДЕН ПРВИОТ АВТОПАТ во светот

Vecer | 05.12.2022

Еве каде е ИЗГРАДЕН ПРВИОТ АВТОПАТ во светот

Делницата на автопатот долга 49 километри била пуштена во сообраќај во 1924 година.

Иако првите асоцијации за многу луѓе се САД и Германија, овие земји не се во прашање.

Првиот вистински автопат во светот, Autostrada dei Laghi, бил изграден во Италија во 1924 година и ги поврзувал градовите Милано и Варезе. Поголемиот дел од оваа рута е активен и денес, иако е интегриран во автопатите А-8 и А-9.

Инженерот Пјеро Пуричели го замислил автопатот како „пат само за автомобили“, т.е. резервиран за сообраќај со голема брзина (без колички, вагони, велосипеди и пешаци) и со плаќање патарини за покривање на трошоците за изградба и управување.

Навистина футуристичка идеја, бидејќи во тоа време по патиштата имаше малку автомобили. Во 1921 година, Пуричели добил овластување од државата да прогласи некои од неговите проекти за општа употреба, односно добил дозвола да ги спроведе.

И покрај бирократските и правните одложувања, тој ја заврши првата делница од 49 километри од модерниот автопат за само 15 месеци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk