logo
logo
logo

Енергетската криза „ги пресели“ Европејците на југ

Vecer | 03.12.2022

Енергетската криза „ги пресели“ Европејците на југ

„Не е тајна дека ова ќе биде зима на голема економска неизвесност во Европа, но сакаме да ја свртиме ситуацијата на Канарските острови“, рече регионалниот министер за туризам Јаиза Кастиља, опишувајќи ги како „економско засолниште“.

Грчкиот министер за туризам во септември ги посети Австрија и земјите од северна Европа, како што е Шведска, со цел „да ја претвори оваа голема енергетска криза која ја мачи Европа, во можност“.

Кампања започна и португалскиот туристички одбор, а неговиот лидер Луис Араухо изјави дека очекувањата за пристигнувањето на зимски туристи од северна Европа се „многу позитивни“. Податоците за туризмот го поткрепуваат неговиот оптимизам.

Податоците од пребарувачот за изнајмување домови HomeToGo покажаа дека во споредба со минатата година, пребарувањата од земји како Велика Британија, Германија и Холандија се зголемени за 36, 13 , односно три проценти, за зимско сместување во Шпанија, Грција и Португалија.

Извршниот директор на шпанскиот синџир хотели Мелиа, Габриел Ескарер рече дека луѓето резервираат станови за два или три месеци на Канарските острови оваа зима, со забележително присуство на скандинавски посетители.

Посетителите и голем број постојани жители доаѓаат и од Германија, која беше многу зависна од рускиот гас пред војната во Украина и сега е загрижена за можниот недостиг на енергија во зимата.

Германското училиште на Гран Канарија, кое е меѓу училиштата во кои се запишуваат поголем број ученици од странство, годинава примиле 40 апликации од странски ученици, што е повеќе од претходните години. Сепак, тие не ги прецизираа бројките.

Здружението за соработка на Канарските Острови Repeople објави дека е целосно резервирано во ноември и 80 проценти резервирано за остатокот од зимата.

Авиопревозниците ќе го зголемат бројот на летови за Канарските острови за 31 отсто, објави регионалната канцеларија за туризам.

Водечката авиокомпанија TUI fly, која ја поврзува Германија со областа, рече дека ќе го зголеми бројот на летови за околу 10 проценти, додавајќи дека трошоците за енергија се „психолошки елемент“ што води повеќе луѓе на југ.

Платформата за дигитални резервации за сместување Airbnb објави дека пребарувањето за зимски одмори во јужна Европа тројно се зголемило меѓу април и јуни.

Сепак, за повеќето северни Европејци патувањето кон југ е само сон бидејќи зголемените трошоци за живот значи дека не можат да си го дозволат луксузот на патување.

Наместо тоа, повеќето складираат стоки за да се загреат, како што се јоргани, „бавни шпорети“ и електрични ќебиња, покажуваат бројките на малопродажбата во Велика Британија.

Од друга страна, некои решиле да се справат со овој проблем и трајно се преселиле.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk