logo
logo
logo

Ема Стоун ЖРТВА на злобни коментари. Баш се ЗДЕБЕЛИЛА во бременоста!

Vecer | 21.05.2021

Ема Стоун ЖРТВА на злобни коментари. Баш се ЗДЕБЕЛИЛА во бременоста!

Премиерата на долгоочекуваниот филм „Круела“ кој е продолжение на филмот „101 Далматинец“, се одржа во киното „Ел Капитан“ во Лос Анџелес. Во филмот од 1996 година, Круела де Вил ја играше легендарниот Глен Клоус, а улогата на младата Круела и припадна на Ема Стоун.

Преубавата Ема се појави на црвениот тепих нешто повеќе од два месеци по раѓањето на своето прво дете. Познатата 32-годишна американска актерка и нејзиниот сопруг Дејв МекКари добија девојче на 13 март оваа година.

Со оглед на тоа дека Ема е едно од заштитните лица на модната куќа Луј Витон, не е изненадувачки што гардеробата и модните додатоци беа од овој бренд.

Таа одлично изгледаше во елегантно црно одело под кое носеше бела блуза со украсна машна. Сатенските црни салонки одлично се вклопија со овој изглед, кое Ема го потенцираше со ефектна црвена ташна.

 

И додека нејзините обожаватели едвај чекаа нивната миленичка да се врати на црвениот тепих, младата мајка стана мета на несоодветни коментари на социјалните мрежи кои го коментираа нејзиниот изглед по породувањето.

„Не изгледа лошо за некој што штотуку родил“, „баш се здебелила во бременоста“, „изгледа 10 години постаро“ се само дел од злобните коментари, а обожувателите на Ема кои не останаа рамнодушни на овие коментари ги подбраа со одговори и им гокажаа местото.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk