logo
logo
logo

ЕМА Е НАЈОПАСНАТА ЖЕНА НА НАРКО ДИЛЕР: Го поддржувала, трошела милиони, а еве каде е сега

Vecer | 28.07.2022

ЕМА Е НАЈОПАСНАТА ЖЕНА НА НАРКО ДИЛЕР: Го поддржувала, трошела милиони, а еве каде е сега

Ема Коронел Ајспуро (33) е поранешна мисица и студент по новинарство, која се омажила за маж постар од неа триесет години, Хоакин Гузман Лоер, попознат како Ел Чапо (65).

Денес, Ема е во затвор откако се изјасни за виновна за голем број обвиненија, вклучувајќи и трговија со дрога. Се знаеше дека таа е десна рака на моќниот Ел Чапо со години, иако негираше дека нејзиниот сопруг е вмешан во „матни афери“.

Се зборува дека Ема била еден од иницијаторите за извлекување на Гузман од затворот Алтиплано во Мексико, каде што бил ископан тунел долг километар под неговата ќелија.

Ема Коронел Ајспуро, тогаш 31, призна пред судот во Вашингтон дека му помогнала на Гузман да го води нарко картелот Синалоа и да избега од затвор во 2015 година.

Гузман (63) моментално отслужува доживотна затворска казна во Колорадо за трговија со дрога и перење пари.

Властите велат дека картелот Синалоа бил најголемиот снабдувач на дрога во САД.

Која е Ема Коронел?

 

 

Се зборуваше дека нему му било дозволено да прави се, а нејзе само да му биде сопруга. Сепак, приказната за Ема Коронел не е толку едноставна. Оние кои ја познаваат велат дека својот изглед го „средила“ со вградување силикон во градите, а потрошила многу пари на чантите на Прада.

Иако се претставуваше како скромна девојка од мал град, таа е посветена сопруга на најмоќниот човек во Мексико.

„Ќе го следам каде и да оди“, изјавила таа за Лос Анџелес тајмс уште во 2017 година.

„Јас сум заљубена во него, тој е татко на моите деца.

За време на судењето на Ел Чапо, Ема секој ден доаѓала во судницата, седејќи во вториот ред и му испраќала бакнежи на својот сопруг. Таа дури и поднела барање до судијата да и дозволи да го прегрне сопругот, но тоа не и било дозволено.

Дури и додека крвавите злосторства на Гузман биле прикажувани пред судот, Ема не дозволувала да се збуни - таа мирно седелана своето место. Кога пред судот биле презентирани доказите за нивните пораки во кои Ел Чапо бара од Ема да го скрие оружјето, нејзиното лице не покажа ништо. И Ема и Ел Чапо тврдеа дека таа не била вклучена во криминални активности.

Кога љубовницата на Ел Чапо, Лусеро Гвадалупе Санчез Лопез, излегла со липање да сведочи, медиумите објавија дека Ема била мирна бидејќи одлично знаела кој е Ел Чапо и кои се жените кои „виселе“ околу него. По долго молчење, Ема решила да даде интервју за Лос Анџелес тајмс. Целта била да се поправи имиџот на познатиот Ел Чапо.

Во споменатото интервју, Ема раскажува како го запознала моќниот Ел Чапо.

Тие се запознале кога таа имала 17, а тој 49.

 

 

"Тој танцуваше со друга девојка. Јас танцував со моето момче. Се сретнавме среде подиумот и тој ми се насмевна. Подоцна некој дојде до мене и ми рече: "Оној човек сака да танцува со тебе". Се согласив, Ема ја прикажа нивната средба како љубовен филм.

Двојката се забавувала некое време пред да се венчаат во 2007 година. „Церемонијата беше едноставна, со пријателите и семејството“, рекла Ема.

Сепак, вистината била дека Ел Чапо ја бркал, пристигнувајќи во нејзиното село со мотор со 400 мажи. Ја пријавил на локалниот избор за Мис, а Ема набрзо ја освоила титулата за најубава жена на тој натпревар.

Во 2011 година, Ема ги роди близначките Емали и Марија. Ел Чапо инсистирал таа да ги роди децата во Калифорнија за да имаат американско државјанство, бидејќи моќниот човек од Мексико имал сон да ги одгледува децата во Америка.

Бидејќи Гузман со години беше во бегство, парот немаше можност да поминува време заедно. Ема била загрижена дека нејзините ќерки „нема добро да го запознаат својот татко“, но и дека ќе добијат погрешен впечаток за него, бидејќи на суд беа изнесени некои многу „валкани“ детали за тоа како Ел Чапо силувал одредени жени.

Иако Ема упорно кажуваше дека немала контакт со дрогата и мафијата ниту за време на воспитувањето, ниту за време на бракот со Ел Чапо, вистината е малку поинаква. Имено, се чини, дека нејзиниот татко, познат во мафијашките кругови како „Тест“, го иницирал запознавањето на Ема со Гузман. Подоцна, и самиот, како и браќата на Ема, бил уапсен поради нивната вмешаност во криминални кругови.

Новинарката која ја интервјуирала Ема вели дека таа е жена која ќе направи се за својот сопруг, бидејќи припаѓа на типот на „жени (жени на дилери на дрога) кои немаат друг избор. Штом ќе влезат во тој круг, не можат да излезат од него. Нема начин."

 

 

„Замислете дека имате само 17 години и живеете во мала земја. Нејзиното семејство нема пари. Таа е ништо. Се појавува крал и ја заведува, а таа има само 17 години. Каква одлука може да донесе жена од 17 години? Она што го видов е дека тој има доверба во неа. Тој навистина и верува. Таа е единствената жена во неговиот живот што го брани“, изјавила новинарката.

Во меѓувреме, Ел Чапо е ставен зад решетки и најверојатно ќе остане таму до крајот на својот живот. А Ема? Нејзината судбина е неизвесна. Засега има само еден избор: да биде со сопругот до крај. Свој или негов.

Нејзината последна објава на социјалните мрежи е од 2021 година и ја прикажува Ема со платинесторуса коса.

Дали тоа беше начин да избега од своето старо јас?

Во секој случај, додека Ема и Ел Чапо ги минуваат деновите во затвор, нивните деца наводно се во Лос Анџелес, иако не се знае со сигурност кој е поставен за нивен старател.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk