logo
logo
logo

Експлозивна филмска акција во Скопје, еве за што станува збор

Vecer | 04.06.2021

Експлозивна филмска акција во Скопје, еве за што станува збор

Black Ops е серија која го следи Вилијам Конор, американски војник, соочен со најтешките предизвици и најголемите тешкотии во животот. Низ исклучително збунувачки збир на околности, тој започнува да ги составува изгубените парчиња од една неизмерно огромна и мрачна загатка што го води кон Балканот во Источна Европа и можноста за спасување на неговото киднапирано семејство. Со помош на неговите пријатели Бабиќ и Нора, Конор успева да започне да ги бара слабостите на неговиот противник Сатар, за да открие дека меѓу сенките на злосторствата на Сатар, демнее многу посуптилен и опасен непријател... ова е само дел од приказната на новата македонска серија BLACK OPS, новата експлозивна филмска акција, што публиката ќе ја види наскоро.

Квалитетната актерска фела, составена од David Mukka, Христијан Тасковски - Таско, Стефан Лазаров, Тамара Тодевска, Ана Стојановска, Игор Џамбазов и многу други, овој викенд премиерно ќе ја внесат јавноста во неизвесниот свет на BLACK OPS, исполнет со уникатна форма на акцијата и драмата како жанрови. Серијата е во продукција на Artistic Film Production, под режисерската палка на Billy D. (Били Дурмишовски).

Ексклузивната премиера, која е од затворен карактер, на трејлерот на BLACK OPS, ќе се одржи во утревечер во Cineplexx, со почеток во 20 часот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk