(ЕКСКЛУЗИВНО + ФОТО) Samsung го претстави Galaxy A9, првиот смартфон со четири задни камери

Компанијата Samsung денеска во Милано го одржа својот настан на кој главна ѕвезда беше новиот смартфон од семејството Galaxy, а тоа е моделот А9.

Samsung благодарение на Galaxy A9 стана првата компанија на светот која има паметен телефон со четири камери на задната страна.

А9 во секој случај е смартфон што ќе ги задоволи и потребите на најпребирливите корисници, a со оглед на споменатите четири камери и иновативната Clear & Bright технологија на камерата, јасно е дека посебно е фокусиран на фантастичните фотографии. Поради тоа, посебно ќе им биде привлечен на авантуристите кои сакаат своите искуства да ги делат со другите.

Смартфонот поседува 6,3-инчен Full HD екран со резолуција од 2.220 х 1080 пиксели.

Исто така, квалитетот на селфи камерата од 24 мегапиксели нема да разочара. Ќе ви допушти да го контролирате светлото и да направите совршено селфи. Од Samsung истакнаа дека четирите леќи овозможуваат креирање на фотографии со подобар оптички зум и поширока експозиција на сликата, како и ultra-wide панорами.

Од Samsung потсетија и на нодамнешиот Galaxy A7 кој беше првиот паметен телефон со три задни камери, а кој веќе може да се набави по цена од 349 евра, додека новиот Galaxy A9 ќе почне да се продава во Европа кон средината на ноември, а ќе чини 599 евра.

Иновативната задна камера со четири објективи им овозможува на корисниците без напори да креираат динамични фотографии.

– Двојниот оптички зум овозможува детални фотографии од близу, дури и кога се креирани од поголема далечина.

– Ултра Широкиот објектив овозможува креирање на професионални фотографии со помош на опцијата оптимизација на сцена. Со помош на функцијата за препознавање на сцени преку вештачка интелигенција, камерата сега е попаметна – може да го идентификува субјектот и да ги прилагоди поставките соодветно во истиот момент за да креира најдобра можна фотографија.

– Со објективот за длабочина може рачно да се постави длабочината на полето на фотографијата и фокусот на субјектите што помага за неверојатни фотографии кои изгледаат како да се фотографирани од професионалец.

– Со главниот објектив од 24MP фотографиите се јасни и живописни и при услови на јака осветленост и при низок степен на осветленост, во било кој период од денот.

Батеријата со капацитет од 3,800mAh овозможува живот без ограничувања и уживање во долготрајните перформанси на Галакси А9. Корисниците може без ограничувања да зачуваат се што сакаат, а да бришат помалку со помош на меморискиот капацитет на Галакси А9 од 128GB и можноста за проширување до 512GB.

 

Од нашиот известувач во Милано
Никола Бурагев

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари