logo
logo
logo

Ексцентричниот милионер Мекафи се САМОУБИЛ ВО ЗАТВОР - Користел дроги, направил милиони и „за малку“ не станал Претседател на САД

Vecer | 24.06.2021

Ексцентричниот милионер Мекафи се САМОУБИЛ ВО ЗАТВОР - Користел дроги, направил милиони и „за малку“ не станал Претседател на САД

Џон Мекафи, креатор на познатиот антивирусен софтвер Мекафи, беше пронајден мртов во својата ќелија во затворот во Барселона во средата вечерта, само неколку часа откако се појави информација дека тој ќе им биде испорачан на американските власти. Соединетите држави го обвинуваат за затајување данок, проневера и малверзации со криптовалути. Според Њујорк Пост, Мекафи се чини дека извршил самоубиство.

Мекафи беше уапсен во октомври на аеродромот во Барселона и ја чекаше екстрадицијата во Шпанија.

За време на апсењето, тој се обидувал да се качи на летот за Истанбул користејќи британски пасош.

Мекафи е основач на една од најголемите антивирусни компании на сите времиња, но стана легенда поради она што се случи после тоа.

Роден е во средината на 1940-тите во Велика Британија, а неговите родители се преселиле во Вирџинија во САД кога бил мал.

Неговиот татко работел како геодет за патишта и бил алкохоличар. Кога Мекафи имал 15 години, неговиот татко се самоубил, од што тој никогаш не се опоравил.

Кога отишол на колеџ, почнал да пие сè повеќе и повеќе, а бил лукав претприемач од многу рана возраст. Неговата прва работа била продажба на списанија по куќи, благодарение на што, како што рече самиот, заработил вистинско мало богатство.

Потоа тој започнал да работи во компанија која кодираше панч-картички кон крајот на 1960-тите, учејќи ги основите на раното сметање. Користејќи ги ова искуство, тој се вработил во Missour Pacific Railroad, каде ѝ помогнал на компанијата да го користи ново пристигнатиот компјутерски систем на IBM за рангирање на распоредот на возовите.

Додека работел во Железницата, тој започнал површно да експериментира со потешки дроги. Често одел на работа под влијание на ЛСД. Еден ден купил цела торба со психоделични лекови, позната како ДМТ. Повлекол една линија и кога ништо не се случило, тој решил да ја искористи целата кесичка. И тогаш полудел. Истрчал надвор и останал долго скриен зад корпа за отпадоци. Тој верува дека е оттогаш  „на едно долго патување кое никогаш не заврши“.

Мекафи се пресели во Силиконската долина во 1970-тите. Таму работел разни на работни места за различни технолошки компании (некое време работел и во Институтот за истражување на вселената на НАСА), цело време уживајќи алкохол и дрога. Се отрезнил само во 1983 година. Во тоа време, тој работел во компанијата Омекс, каде што земал кокаин на своето биро секој ден пиејќи шише скоч. Бил осамен и исплашен, кога конечно решил да побара помош.

Во 1980-тите, Мекафи работеше во Локид. Во тоа време, компјутерите сè уште беа релативно нови, така што првиот вирус кој ги напаќѓал компјутерите се појавил во 1986 година. Мекафи прочита за новите програми што можат да бидат вметнати во компјутерите како заштита против вируси и одлучи да основа своја компанија за тоа.

Така беше лансиран Мекафи Асошиејтес, кој до крајот на осумдесеттите години заработуваше пет милиони долари годишно и чија антивирусна платформа започнаа да ја користат некои од најголемите компании во светот.

Мекафи брзо станал уште поуспешен, најмногу благодарение на вирусот наречен Микеланџело, кој харал во 1992 година. Мекафи го нарече еден од најлошите вируси досега, проценувајќи дека „заразил“ околу пет милиони компјутери. Патем, во тоа време луѓето немаа навика да купуваат антивирусни програми, но поради Микеланџело, се зголеми бројот на оние кои сакаа заштита за својот компјутер.

Иако всушност биле заразени само неколку десетици илјади компјутери, Микеланџело го „торпедираше“ Мекафи во вселената и му овозможи да создаде мултимилионски бизнис.

Но, во 1994 година Мекафи се повлече од фирмата, две години подоцна ги продаде своите акции и заработи околу 100 милиони долари.

По оставката, тој се смири и исчезна од радарот. Се насочол кон советување на стартап компании, предавал на Стенфорд и работел на некои самостојни проекти. Тој работел на два проекта за социјални медиуми: PowWow и Tribal Voice, иако ниту еден не постигнал некој успех.

Во 2008 година, тој исто така беше притиснат од економскиот колапс. Наводно, неговото богатство од 100 милиони се стопило на само четири милиони долари.

Кон крајот на 2000-тите, тој одлучил да го продаде земјиштето и да се пресели во Белизе. Таму тој сакаше да се префрли во светот на антибиотиците,верувајќи дека со помош на микробиологот Алисон Адоницио може да создаде производ што ќе користи растенија за борба против болести.

Но, сè тргнало во погрешна насока кога тој почнал да верува дека некој постојано го следи.

Секој ден одеше во кафе клубот „Lover's Bar“седел и ги гледал луѓето како влегуваат и излегуваат. Неговата опсесија беше да гледа луѓе во сиромашен дел од градот. По шест месеци, тој напиша дека целосно ја изгубил секоја врска со општеството.

По убиството на неговиот сосед од Белизе, Грегори Фаул во 2012 година, Мекфи беше испрашуван во истрагата и набргу избега од земјата. Никогаш не се вратил таму.

По убиството на неговиот сосед од Белизе, Грегори Фаул во 2012 година, Мекфи бил испрашуван во истрагата и набргу потоа избегал од земјата. Никогаш не се вратил таму.

Но, тој наскоро бил уапсен во Гватемала за нелегално влегување во земјата. Додека бил во притвор, Мекафи имал неколку здравствени проблеми со срцето. На крајот бил депортиран во Америка каде што првата ноќ завршил во кревет со проститутка.

Во 2013 година, тој објавил бизарно видео наречено „Како да го деинсталирам антивирусот Мекафи“. На видеото тој беше опкружен со секси девојки додека се обидуваше да го деинсталира софтверот што го измислил, а кој го „исплукал“ откако ја напуштил компанијата. Тој покажувал пиштоли на видеото, и алудирал на дрога.

Последните години тој бил опседнат со желбата да се кандидира за претседател на Соединетите држави. По неуспешниот обид во 2016 година, тој формираше тим за 2020 година. Сепак, ситницата наречена затајување данок (наводно избегнувајќи плаќање милиони долари данок за цели четири години) ги наруши неговите планови и тој заврши во притвор во Шпанија.

Мекафи бил инаку многу активен на социјалните мрежи. Тој на Твитер се пофали дека има 47 деца, 61 внуче и 19 правнуци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk