logo
logo
logo

ЕК им даде рок од шест месеци на Турција и Германија да го решат спорот околу рецептот за донер

Vecer | 27.09.2024

ЕК им даде рок од шест месеци на Турција и Германија да го решат спорот околу рецептот за донер

Турција побара од Европската Унија заштитен статус за донер кебапот, бидејќи рецептот на ова популарно јадење во Германија значително се разликува од традиционалната варијанта.

Донер кебапот се појави во Германија во 70-тите години од минатиот век, кога во земјата пристигнаа голем број работници од Турција.

Класичниот рецепт, кој Турција сака да го заштити, вклучува месо, ориз, домати и лути пиперки, кои се сервираат во пита леб.

Во Европа, донер кебапот најчесто вклучува зелка, зелена салата и сосови, вклучувајќи лук и се завиткува во лаваш.

Поради овие разлики, Турција побара поддршка од ЕУ за заштита на традиционалниот начин на подготвување, според „Економист“. Турските барања вклучуваат користење на говедско или пилешко месо, како и специфичен начин на маринирање и сечење на месото.

Продажбата на донер кебап во Европа изнесува околу 3,5 милијарди евра годишно, од кои 2,3 милијарди евра се во Германија.

Ако Турција го добие правото да го заштити традиционалното име, донер кебапот ќе мора да се продава под друго име во Европа.

Цената на донер кебапот во Европа значително се зголеми, достигнувајќи околу 10 евра по порција.

Зборот „донер“ потекнува од турскиот глагол „донмек“, што значи „врти“. Јадењето се пече на вертикален шиш (ражен) и се сече на ленти кога месото ќе стане крцкаво и кафено./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk