logo
logo
logo

ЕДНА ПОИНАКВА СВАДБА: Тортата ги згрозила гостите, а натписот никој нема да го заборави (ФОТО)

Vecer | 18.09.2021

ЕДНА ПОИНАКВА СВАДБА: Тортата ги згрозила гостите, а натписот никој нема да го заборави (ФОТО)

Младенците од САД одлучиле да поврзат својот најважен ден со терористичките напади од 11 септември 2001 година. Имено, тие решиле да се венчаат на 11 септември, односно минатиот викенд - на денот на одбележувањето на 20 годишнината од нападите.

Невестата и младоженецот не само што го одбраа овој датум за ден на венчавката, туку тие и решиле својата торта да ја посветат токму на напдите. На декорацијата можеа да се видат две срушени кули близначки во Њујорк, како и натпис:

“Никогаш не заборавај”.

Иако младенците се оправдаа со идејата дека натписот се однесува на денот кога се венчаа, на никој навистина не му се допаднало.

„Ова е без сомнение најстрашната, најнесоодветната и најбезобразната идеја за венчавка што сум ја видел“, напишал еден корисник на Редит, кој добил многу пофалби за неговиот коментар.

„Не мислам дека 11 септември како датум на венчавка е сама по себе контроверзна како идејата да го одбележиме целиот ден со потсетување на најлошото што сме го доживеале“, додаде друг корисник на Reddit.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk