Луксузниот брод пристигна на словенечкото крајбрежје и ги воодушеви жителите на пристанишниот град.

Вон сезона и сосема неочекувано, најскапата јахта Yacht A на светот вплови во Порторож

Јахтата вредна повеќе од 600 милиони долари е во сопственост на рускиот милијардер Андреј Мелниченко и неговата сопруга Александра, белграѓанка и поранешна членка на поп групата „Моделс“.

Јахтата е направена во 2017 година и се смета за една од најголемите во светот. Долга е 142,81 метри, висока повеќе од 100 метри и има два дизел мотори, но е и целосно оспособена за пловење.

Сопственикот на јахтата Мелниченко е на листата на Форбс и неговото богатство се проценува на 15,8 милијарди евра.

Велат дека се збогатил инвестирајќи во ризични бизниси со јаглен во ѓубрива.

Тој е еден од најголемите инвеститори и поддржувачи на различни општествено корисни програми во Русија, а неговата фондација води бројни проекти во образованието, спортот и стипендиите.

Познат како голем љубител на морето, а особено на јахтите, Андреј од година во година поставува стандарди кога се во прашање луксузните чамци.