logo
logo
logo

ЕДИНСТВЕН СЛУЧАЈ ВО СВЕТОТ: Запознајте го човекот кој во својот живот бил и џин и џуџе

Vecer | 08.06.2021

ЕДИНСТВЕН СЛУЧАЈ ВО СВЕТОТ: Запознајте го човекот кој во својот живот бил и џин и џуџе

Адам Рајнер е единствениот човек во историјата за кој е евидентирано дека во одреден период од животот прво бил џуџе, а потоа џин.

Рајнер бил роден во Грац, Австрија во 1899 година а неговите родители била просечна висина.

Имал сосема нормално детство и немал никакви здравствени проблеми. Сепак во еден даден момент, кога имал 18 години тој прекинал да расте и бил висок само 122см.

Кога започнала Првата Светска Војна, Адам бил повикан да служи војска меѓутоа бил премногу низок и слаб па бил исфрлен.

Лекарите официјално го прогласиле за мал човек, односно џуџе. Но на нив не им било јасно зошто неговите стапала и дланки се преголеми за неговата висина.

Година дена подоцна, во 1918 година тој пораснал 5см. До 21та година неговиот број на чевли пораснал за цели 10 броја – од 43 на 53.

Но, се случило уште една неочекувана работа. Адам почнал повторно да расте. До свои 33 години тој израснал до неверојатни 218см.

Па така во 1930 година, доктор Мандли почнал да го истражува неговиот случај. Се посомневал дека Адам има тумор на хипофиза што е впрочем и причина за неговиот драстичен раст.

Неговата дијагноза била точна. Акромегалија е ретка болест која настаува како последица на преголемото лачење на хормонот за раст. Лекарите го оперирале и успеале да му го отстранат туморот. Сепак, интервенцијата само му го успорила неговиот раст.

Неговата здравствена состојба се влошувала а проблемите со кичмата станувале се поболни па така тој бил принуден последните години од својот живот да ги помине закован за кревет.

Постепено го губел слухот, а целосно го изгубил и видот на едното око. Починал на 51 година, во 1950та година. Веќе до својата смрт тој достигнал висина од 234 см.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk