logo
logo
logo

ЕДЕН ВИД КАФЕ Е НАЈДОБАР ЗА СРЦЕТО: И лекарите го препорачуваат, тоа влијае на најважниот маркер за кардиоваскуларното здравје

Vecer | 15.10.2021

ЕДЕН ВИД КАФЕ Е НАЈДОБАР ЗА СРЦЕТО: И лекарите го препорачуваат, тоа влијае на најважниот маркер за кардиоваскуларното здравје

Научниците тврдат дека еден вид кафе има најдобар ефект врз кариоваскуларното здравје.

Бројни научни студии докажале дека кафето има добро дејство врз здравјето, доколку се консумира во ограничени количини. Меѓутоа, се покажало дека еден вид на кафе, посебно добро влијае на срцето.

Студијата која неодамна е објавена во стручно списание Clinical Nutrition ESPEN, а го објавува Европското клиничко здружение за нутриционизам и метаболизам, потврдила дека редовно и умерено конзумирање на кафе може да е поврзано со намален ризик на заболување од кардиоваскуларни болести.

Во оваа студија научниците посебно го истражувале ефектот од инстант кафе врз здравјето на срцето, а за таа потреба собрале податоци од 1.041 лице на возраст од 39 и 67 години. Научниците подвлекуваат дека околу 30 од нив редовно конзумирале инстант кафе.

На самиот почеток на истражувањето утврдиле дека луѓето кои го конзумирале овој вид кафе имаат понизок систоички (висок) крвен притисок, како и тоа дека е поврзано со каротидните артерии. Инаку, здравата еластичност на овие артерии е важен маркер за кардиоваскуларното здравје.

Во заклучокот, научниците истакнале, со “редовно и умерено конзумирање на инстант кафе“ може да се поврзе со подобра еластичност на артерија, а со самото тоа и намален ризик од кардиоваскуларни заболувања.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk